Совршен спој на научните сознанија и новите практики

Сите стоматолошки професионалци имаат право да се запишат и да се приклучат на Академијата за естетска стоматологија

Академијата за естетска стоматологија -Ендомак е посветена на унапредување и имплементирање на научните сознанија и практики во стоматологијата и поттикнување на највисоките стандарди за етичко однесување и одговорна грижа за пациентот од естетските стоматолози, забните техничари и другите стоматолошки професионалци.
Основната концепција на научната установа е прогресивно ширење и брз развој на современата стоматолошка доктрина, со тенденција тоа да се применува директно во практиката и да ги вгради богатите светски искуства во стоматологијата и во медицината. Така, единствена во поширокото опкружување на земјава, практиката и науката ќе бидат на едно место, со современи стандарди и принципи. На тој начин не само што ќе се даваат забоздравствени услуги туку и ќе се едуцираат голем број млади луѓе.

Мисија
Академијата својата мисија ја исполнува преку: нудење супериорни едукативни можности; научно-истражувачка дејност; апликативни (применливи) истражувања; промовирање и поддршка на акредитација и асоцијација (преку принципот на здружување, интеграција); постојан форум за креативна размена на знаења и идеи за подобрување на постојните и воведување нови технологии; примена на знаења, изнаоѓање практични решенија и обезбедување точни и корисни информации за јавноста и за професијата.
Академијата за естетска стоматологија вклучува: доктори по стоматологија, лабoраториски забни техничари, стоматолошки помошници, стоматолошки хигиенисти, едукатори, истражувачи и други професионалци во стоматологијата од земјата и од странство. Оваа вкрстена функционална едукација на страсни практичари е она што ја први Академијата уникатна, овозможувајќи им на членовите меѓусебно да се пов­р­зат, да соберат информации од светската естетска стоматологија, да примаат и да даваат охрабрување и поддршка на други естетски стоматолошки професионалци во светот.

Концепт
Основната цел е преку спроведување на соодветни планови и програми Академијата да обезбеди:
1. Практична обука и стручно усовршување на докторите на стоматологија за новите техники и методи на работа во естетската стоматологија, добра стоматолошка практика, унапредување на знаењето и вештините за дијагностика и лекување;
2. Воведување високи стандарди за квалитетна и континуирана едукација на други стручни кадри во стоматолошката дејност (лабoраториски забни техничари, стоматолошки помошници, стоматолошки хигиенисти, едукатори, истражувачи и други стоматолошки професионалци);
3. Дополнителна едукација на студенти;
4. Информирање за новите трендови во стоматологијата, технологијата и науката;
5. Други едукативни активности поврзани со стоматолошката наука и пракса, што ќе резултира во обезбедување високо ниво на стоматолошка здравствена заштита на населението и развој на естетската стоматологија кај нас и во регионот.

Посветени на естетската стоматологија
Eстетскатa стоматологија е ново подрачје на фокусираност во областа на стоматологијата кое ветува нови продори во стручното усовршување.
Академијата за естетска стоматологија нуди можност професионалците во таа област да станат дел од есклузивната група посветени естетски стоматолози и лабараториски техничари.
Ќе овозможи супериорна и разновидна професионална посветеност на усовршување во науката и уметноста на естетската стоматологија.
Со добивање на акредитација, Академијата за естетска стоматологија ќе може да ги реализира програмите за стручно и професионално усовршување и да овозможи образование кое ќе биде препознатливо по својата програма и содржина во обликување на профилот стручен специјалист преку стручните специјалистички студии, кои ќе ги следат и современите достигнувања во стоматологијата и нивна апликација во соодветните подрачја на примена.

Отвореност за образование
Академијата е отворена за сите доктори по стоматологија, лабараториски забни техничари, стоматолошки професионалци и оние кои ја поддржуваат естетската стоматолошка индустрија, вредните, работливите, трудољубивите, оние кои се полни со енергија за стоматолошката професија, кои се стремат за клиничка пракса, за постојано проширување на нивните вештини, кои сакаат да бидат поврзани, да се здружуваат, да разменуваат идеи и искуства.
Ова ја нагласува посветеноста на Академијата за естетска стоматологија кон сеопфатност (инклузивност) и стандарди на совршеност, вистински да се измерат и прошират знаењата и вештините на повисоко ниво, како и да им обезбеди на пациентите послободен пристап до специјализираните стоматолошки професионалци, кои покажале висок степен на клинички вештини и способности во естетската стоматологија.

Образовни бенефиции
Основен принцип на Академијата е да се промовира образованието.
Академијата постојано ќе организира курсеви, работилници, предавања, стручни презентации, состаноци на работни групи, семинари, индивидуално усовршување, консултации, печатени, видео и комјутерски потпомогнати начини на образување, како и други облици на пренесување на знаење, вештини и информации.
Редовно ќе издава едукативни брошури и книги за светските достигања во областа на естетската стоматологија.
Академијата ќе одржува годишни научни сесии низ целата територија на земјава.
Домашни и странски експерти ќе бидат вклучени во едукативниот процес со јасно дефинирани теми, целни групи, видови и траење на програмите.
Академијата за естетска стоматологија ја исполнува својата мисија, нудејќи им супериорни образовни можности, вклучувајќи конференции во живо, како и реномирана годишна научна сесија. Во фокусот на годишната конференција е на стоматолозите да им се овозможи да разменат идеи и да добијат значајни, интердисциплинарни информации за најновите клинички процедури, материјали и методи, развивање на естетска пракса и самозбогатување.
Покрај тоа, стоматолозите можe да заработат и кредити за континуирано образование. Академијата ќе партиципира во меѓународните односи со јавноста во напорите да се подигне перцепцијата на јавноста и разбирањето на естетската стоматологија.
Академијата за естетска стоматологија ќе помогне и ќе ги поддржи членовите во нивните цели за клиничка совршеност преку образовните ресурси што ќе ја зајакне нивната кариера. Проширување на знаењето и вештините, мрежно поврзување, соработка, поддршка и охрабрување од колегите професионалци. Благодарение на партнерството меѓу членовите може да се даунлодираат и стримуваат видеа за едукација на пациентите од нивната пракса, веб-сајт или социјалните мрежи.
Со тоа се овозможува пристап до списанието на естеската стоматoлогија, објавување рецензирани трудови, обезбедување најнови информации за клиничките третмани, козметичките стоматолошки технологии и други научни сознанија меѓу водечките стоматолози, лабараториски техничари и специјалисти.
Информации за членството, професионални информации, информации за годишни научни сесији и други регионални и меѓународни настани, состаноци и конференции. Учесниците, исто така, може да се поврзат онлајн на порталот на Академијата, да се вклучат во дискусиите, да ги следат најновите вести.

РЕСУРСИ ЗА УСПЕХ
Академијата им овозможува на своите кандидати во процесот на акредитација алатки и ресурси кои им се потребни, со повеќе сигурност да работат на својот пат низ процесот на акредитација. Тука се и некои од ресурсите на располагање за да помогнат патот на акредитација да се направи полесен.
• Ментори и едукатори
• Акредитирани работилници
• Дополнителни ресурси

СПИСАНИЈА И МУЛТИМЕДИЈА
Списанието е публикација на Академијата за обезбедување најнови информации за клиничките третмани, козметичките стоматолошки и забнотехнички технологии и техники, и многу повеќе од водечките стоматолози, лабараториски техничари и специјалисти. Членовите на Академијата имаат право да објавуваат во публикацијата што ја добиваат во печатена и во дигитална верзија.

ПРИЗНАНИЕ ЗА КВАЛИТЕТ
Академијата за естетска стоматологија ќе доделува годишна награда за најдобар естетски стоматолог, најдобар естетски забен техничар, за извонредност во естетската стоматолошка едукација, за иновација, лидерство и унапредување во областа на естетската и реставративната стоматологија.