Deprecated: Unparenthesized `a ? b : c ? d : e` is deprecated. Use either `(a ? b : c) ? d : e` or `a ? b : (c ? d : e)` in /home/ncfswrdy/public_html/aade/wp-content/plugins/js_composer/include/classes/editors/class-vc-frontend-editor.php on line 646
Што е естетска стоматологија? - AADE

Што е естетска стоматологија?

Естетската стоматологија е сеопфатен пристап кон вкупната орална здравствена заштита, кои ги комбинира уметноста и науката за да се постигне оптимална забна функција, здравје и естетика.

Естетската стоматологија е стоматолошка насока за создавање позитивни промени на забите и насмевката. Квалификуван, искусен естетски стоматолог може да помогне во подобрувањето на изгледот, насмевката, дури и на самодовербата, и може да одговори на функционалните и естетските проблеми на пациентот.

Естетската стоматологија истовремено е уметност и наука, а уметниците (стоматологот и забниот техничар) ја прават воочлива промената на насмевката преку најразлични техники применети на забите и гингивите.

Овие техники вклучуваат  (но не се ограничени)  примена на:

  • Белење на забите
  • Контурирање на забите
  • Поставување естетски композитни пломби
  • Порцелански ламинати
  • Коронки
  • Мостови
  • Импланти
  • Третман на гингивалното ткиво

Во трансформирањето  на насмевката е вклучена и ортодонцијата и максило-фацијалната хирургија.

Успехот на полето на естетската стоматологија бара надареност за креативност, талент и основна базична интуиција, а како резултат на искуството и вештината – постигнување резултати кои, истовремено, ќе ги задоволат и пациентот, и стоматологот.

Полиња

 Постојат пет стоматолошки специјалности кои се фокусираат на стоматолошката  естетика. Тоа се:

  • Ортодонција
  • Протетика
  • Болести на забите со ендодонција
  • Парадонтологија
  • Орална хирургија со имплантологија.

Интердисциплинарната естетска стоматологија е едно од најпопуларните и исполнувачки стоматолошки полиња. Естетската стоматологија е ново подрачје на фокусираност во областа на стоматологијата кое ветува нови продори во стручното образование.

Многу доктори по стоматологија бараат продолжување на образованието со цел да ги научат и усовршат естетските стоматолошки техники и технологии. Стоматолозите специјализирани за естетска стоматологија се нарекуваат естетски стоматолози. Нивното специфично искуство во областа – обуката, специјалноста и образованието – се насочени кон овој тип стоматологија, иако не се смета за официјална специјализација.

Барањата на пациентите ја зголемуваат потребата стоматолозите да ги унапредат своите знаења и вештини за реставративни опции, што резултира во природен и убав изглед на нивните заби.

Тие треба да бидат сигурни дека избраниот стоматолог е вешт во естетската стоматологија, каков вид квалитетна грижа обезбедува и да прашаат дали предложениот третман е прифатлив за нив.

Понудената програма е наменета за стоматолозите кои сакаат да останат на врвот на модерната стоматологија, оние кои се полни со енергија за стоматолошката професија, кои се стремат за клиничка пракса, за постојано проширување на нивните вештини  и да можат со сигурност да ги задоволат и испорачаат рестовративните потреби на пациентите со високи естетски очекувања.