Опис на програмата

Магистерската програма за естетска стоматологија од Приватниот научен институт – Академија за естетска стоматологија Ендомак е посветена на унапредување и имплементирање на научните сознанија и практики во стоматологијата, промовирање совршеност во уметноста и науката и потикнување на највисоки стандарди на етичко однесување и одговорна грижа за пациентот од естетските стоматолози. Нуди напредна академска обука во областа на естетската стоматологија со мултидисциплинарен фокус.

Тоа е едногодишна студиска програма (60 ЕКТС) наменета за стоматолозите и има  цел да ги квалификува да бараат опции за синоптички третман преку подобрување на  методолошки и индивидуалните вештини, како и подигање на нивната свест за важноста на објективната проценка на естетските случаи.

Преку оваа програма, стоматологот се запознава со принципите на естетската стоматологија и важноста на интердисциплинарниот пристап во постигнувањето  оптимални резултати, фокусирајќи се на минимално инвазивната стоматологија како основна премиса. Преку адекватна естетска и динамична дијагностика на фацијалните, гингивалните и денталните параметри, ќе може да изработи интердисциплинарен третман, да ги планира и да ги реши сите видови случаи. Посебен акцент ќе биде ставен на дијагнозата и планот за лекување, потпомогнати од програмата за дизајнирање на насмевката. Со познавање на лабораториските процедури, ќе може да се разберат различните тестови кои треба да се направат, како и важноста на правилната комуникација помеѓу лабораторискиот техничар и клиничарот. Во текот на оваа програма ќе се изучуваат различни материјали и реставративни техники, кои ќе бидат дел од третманот за подобрување на насмевката, односно: примена на белење и контурирање на забите, поставување естетски композитни пломби, порцелански ламинати, коронки, мостови, импланти, третман на гингивалното ткиво и други постапки и техники кои се користат во естетската стоматологија.

Студиската програма трае околу 1.500 часа, што е еквивалентно на 60 кредитни поени на ЕКТС.

За да се постигнат одлични резултати во естетиката треба да се земат предвид сите области на стоматологијата, темите од орална и максилофацијална хирургија, стоматолошка протетика, периодонтологија, ресторативна стоматологија, ортодонција и стоматолошка технологија. Поради тоа што тие играат важна улога, ќе бидат разгледани на балансиран начин во текот на остварувањето на целокупната програма .

Програмата е можност  стоматолозите да ги подобрат своите интердисциплинарни и сеопфатни вештини низ сите стоматолошки дисциплини, особено во дизајнирањето и примената на најдобрите опции за третман.

Вклучени се и дополнителни дисциплини како што се економија, етика и психологија, кои ќе помогнат во проширувањето и зајакнувањето на нивната експертиза, истовремено подобрувајќи ги нивните комуникациски вештини потребни за интеракција со пациентите и со колегите.

Програмата е прилагодена за да ги задоволи потребите на стоматолозите што сакаат да  вежбаат и се заснова на принципот на мешано учење и учење базирано на работа. За време на  студиите, тие ќе присуствуваат на третмани во живо и ќе бидат надгледувани клинички случаи од нивните ординации. Охрабрени се да ги документираат, споделуваат и дискутираат сопствените искуства со  индивидуален учител и колеги студенти. Мултидисциплинарен и меѓународен тим експерти ќе биде достапен да менторира во секое време.

Главната цел на програмата е да обезбеди практична обука и стручно усовршување на докторите на стоматологија за новите техники и методи на работа, добра стоматолошка практика, унапредување на знаењето  и вештините за дијагностика и лекување, да обезбеди збир на вештини за планирање сложени естетски случаи, за формирање идеален терапевтски тим за индивидуален естетски случај и ефикасно водење на овој тим.

Студиската програма е триделен процес, кој се состои од писмен испит, поднесување клинички случаи за испитување и усно испитување. Секој дел мора да биде завршен секвенцијално.  Покрај тоа, студентите треба да напишат магистерски труд и да го положат последниот усмен испит.

По успешното завршување на оваа програма, на дипломираните студенти ќе им биде доделена академска титула „Магистер на науки (магистер по естетска стоматологија)“.