Експлозијата на технолошки и научно-стручни достигнувања, заедно со подобрените современи материјали и свеста на пошироката јавност за важноста на квалитетот на оралното здравје и неговата улога во квалитетот на целокупното здравје, ја наговести новата ера во стоматологијата: ефектуирање на вистински клинички лекарски модел на стоматолошка пракса со цел да обезбеди „сеопфатна стоматологија“ за пациентите.

Примарен принцип на сеопфатна стоматологија е дека сите компоненти на мастикаторниот систем (заби, меки ткива, скелетни структури, мускули и зглобови) се интимно поврзани и интерактивно зависни едни од други со цел да ја овозможат  идеалната функција.

ЗА ДА СЕ ПОСТИГНАТ ОВА, ДЕНЕШНИОТ СТОМАТОЛОГ МОРА ДА СТАНЕ ЛЕКАР НА МАСТИКАТОРНИОТ СИСТЕМ И ПОШИРОКО.

Целта на овој серијал на модуларни курсеви е да се постават основните последователни принципи на целосна, сеопфатна стоматологија базирана на докази којашто ќе може да се примени кај секоја стоматолошка дисциплина, без оглед на нивото на едукација и експертиза на докторот по дентална медицина.
Ова е наменето да понуди поедноставена, организирана проценка во процесот на одлучување во врска со пациентовото упатување на специјалист.
Модуларните курсеви се поставени на принципот на автентично учење кое подразбира широк спектар на едукативни содржини и наставни техники насочени кон поврзување на она што се учи со реалните проблеми, и нивно решавање .

ПОРАКА
Подготвеноста да се лекува без повикување на докази за добиениот тераписки исход има цена што може да се мери. кажано едноставно, тоа е разликата помеѓу она што пациентот го добива и она што би можел да го добие од најдобриот понуден третман.
Цената на оваа разлика („жалењето“) секогаш доспева и ја сноси во целост пациентот. можеби затоа што не постои очигледна казна за погрешно (или дека не е правилно како што би требало), донесување одлуки наспроти на неизвесноста (т.е., во отсуство на податоци) е протетска традиција.

Lysle E. Johnston, Jr. DDS, Ph.D. The Angle Orthodontist Vol. 68 No 2 1998

МОДУЛИ

Oпшти содржини на дисциплините вклучени во процесот на “сеопфатна стоматолошка грижа” базирани на класификациони системи кои ги користат ʺпараметрите на грижаʺ со цел да се обезбедат предвидливи и поволни исходи од третманот.

НАСКОРО